Категории

Најтежок е теретот кој го носи душата, ослободете се и започнете повторно

Престанете да ја мачите својата душа, никогаш нема да успеете да направите чекор напред, тој товар еден ден ќе ве сруши и ќе ве затрупа. Ќе биде доцна и ќе биде крај, ќе нема веќе назад и ќе нема веќе нов почеток. 

Кога твојата душа би можела да каже колку тежи тој товар, што би рекла? – Не можам да изржам повеќе?
Колкав е товарот на вашата душа? Дали ги собирате сите навреди, обвинувања, обесхрабрувања, сета недоверба, разочарување, изневерување, дали ги собирате и ги ставате на нејзиниот грб?
Секој упатен збор кој ви ги насолзил очите, секое разочарување од некој близок, погазено ветување, секој гест на недоверба, изневерувања, но зошто?
Каква придобивка имате од сите нив кои како камења ги носите со себе цело време?
Како ќе ви помогнат на вашиот пат кон вашата среќа и иднина?

Престанете да ја мачите својата душа, никогаш нема да успеете да направите чекор напред, тој товар еден ден ќе ве сруши и ќе ве затрупа. Ќе биде доцна и ќе биде крај, ќе нема веќе назад и ќе нема веќе нов почеток.
Застанете тука и сега, и оставете го сето тоа зад себе, како да не постоело, како никогаш да не се случило, ослободете се и полетајте.
Ослободете се и родете се повторно.

Прегледи:
641
Објавено на:
22.06.2020