Категории

Најубави мисли за смислата на животот

Мразам празни разговори. Сакам да зборувам за атоми, смрт, вонземјани, секс, магија, интелигенција, смислата на животот, далечните галаксии, музиката која ти буди поинакви чувства, спомени, лагите кои си ги изговорил, твоите омилени мириси, твоето детство, она што те тера да останеш буден до доцна во ноќта, твоите несигурности и стравови. Сакам луѓе кои имаат длабочина во себе, кои зборуваат преку емоции кои произлегуваат од нивниот необичен ум.

– Breagha Young

Лежам во кревет и се губам во приказните. Го сакам тоа. Книгите се посигурни од луѓето во секој случај.

— Neil Gaiman

Нашата анксиозност не доаѓа од размислувањето за иднината, туку од желбата да ја контролираме.

— Khalil Gibran

Кога сум во природа, сѐ доаѓа на свое место. Јас сум само едно мало парче од големата сложувалка и ми се допаѓа тоа.

— Bjork

Јас не го гледам светот, јас го измислувам.

— Franz Kafka

Престани да ја бараш среќата на истото место каде што си ја изгубил. Промените не бараат задржување на старото, туку градење нов живот.

— Brianna Wiest

Самодовербата доаѓа од оние кои ги имаш во својот живот. Според тоа како си бил одгледан. Со што си се борел како дете.