Категории

Највредниот совет за среќа кој некогаш ќе го чуете во животот

Вистински среќните луѓе одамна го научиле рецептот за успех и живот исполнет со радост. Тајната е доста едноставна и гласи вака: „Научете да им простувате на лошите луѓе од срце, не задржувајте го бесот и во се барајте го само она најдоброто“.

Се почнува од нашата глава, доколку одлучиме да бидеме среќни, тоа ќе биде така. Ако во се гледаме само лошо, ќе ни се случуваат такви нешта.
Потсвеста бележи се она кое се втиснува во неа, за подоцна да го пренесе во стварност, затоа е доста важно да се опкружите со позитивни мисли.

„Онака како што сакате луѓето да мислат за вас, мислете и вие за нив, онака како што сакате луѓето да чувствуваат за вас, чувствувајте и вие за нив, онака како што сакате да постапуваат за вас, постапувајте и вие со нив“, пижува во книгата „Моќта на потсвеста“ – Џозеф Марфи.

Тој тоа го објаснува вака: „Можеби сте љубезни спрема некој колега од работа, но кога тој ќе ви го заврти грбот, почнувате да мислите се најлошо за него, таквите разрушувачки мисли имаат негативно влијание и на вас. Всушност, на тој начин земате ментален отров кој ви ја одзема виталноста, енергијата, радоста, силата и добрата волја“

Негативните размислувања брзо преминуваат во потсвеста и предизвикуваат секаков вид на животни тешкотии. Кога на другите им мислите лошо, мислите лошо и за себе самите.

На патот низ животот наидуваме на добри и лоши луѓе, но морате да сфатите дека сите тие се испратени во нашиот живот со причина. Оние помалку добрите се тука за да не научат на некои лекции, па и онаа најважната, лекцијата за простувањето.

Ако некој ве повреди, простете му. Не поради него, туку поради себе. Задржувањето на бесот нема да ви направи ништо добро. Простувањето е лековите, пред се за вас. Оној кој учи вистински да простува, ја спознал среќата.

Кога ќе забележите дека негативните емоции се појавуваат, пред да ја превземете контролата над вас, имате време да ги свртите. Свртете го бесот и лутината во љубов. А кога ќе ги научите овие две правила, никој нема да може да ви го расипе денот и да ви ја наруши хармонијата.

„Многу ќе патите ако за секој свој неуспех ги обвинувате другите луѓе. Штом сфатите дека се зависи само од вас, ќе го спознаете мирот и радоста“ – рекол Далај Лама.

 

Прегледи:
700
Објавено на:
13.12.2020