Категории

Најздравата билка на светот: Куркума – еве кои се нејзините предности

Индиската билка курмума ги уништува бактериите и габите и има силно актиоксидантно и антиканцерогено дејство

Нутриционистите се уверени дека пет намирни го освојуваат светот благодарение на својата исклучителна хранливост. На прво место се наоѓа куркумата, после тоа следат житариците, па зеленчукот, млекото без лактоза и мешунките.

Куркумата има силно актиоксидантно, антивоспалително, антибактериско, актиканцерогено дејство.
Таа има висока хранлива вредност. Куркумата има најсилно против-воспалително дејство и ги содржи витамините Б6, Ц, Е и К, како и минералите калиум, железо, цинк, фосфор, манган и селен. Исто така се смета за значаен извор на влакна.

Дневната препорачана количина на куркума изнесува 3-10 гр. или најмногу една супена лажица. Кај старите личности и деца помлади од шест години дневната доза треба да се преполови (пола супена лажица).

Како еден од најсилните антибиотици, куркумата не ја уништува цревната флора, туку поттикнува развој на корисни бактерии, ја ублажува надуеноста и гасовите, ја подобрува апсорпцијата во цревата и има детоксикациски ефект на цревата. Најновите истражувања потврдуваат дека куркумата, благодарение на антивоспалителното дејство, може да помогне при лечењето на Кронова болест и улцерозен колититис. Нејзиниот антигабично делување е корисно при лечењето на кандида. Ефикасна е и при хронична дијаера и подуеност. Се употребува и како чај, така што се меша една кафена лажица со топла вода и се пие.

Оваа билка е делотворна и кај кожните заболувања, особено егзем и псоријаза. За таа цел може да се зема орално или дермално, во вид на облоги кои се припремаат од паста од куркума. Помешана со сок од алое, оваа паста помага и при изгореници.

Прегледи:
682
Објавено на:
01.01.2020