Категории

Намалете ги менструалните грчеви со вежбање, ѓумбир и течности

Употребата на ѓумбир,лесните вежби и течностите ги намалуваат менструалните болки.

Менструалните грчеви се јавуваат кога мускулите на матката се затегнати за полесно да се исфрли менструалната содржина.
„Чувството на болка е последица на контракција на ѕидот на матката кој ги компримира крвните садови, па привремено се спречува дотокот на крв, а со тоа и кислородот до матката“- истакнува Д-р Каролин Овертон, гинеколог.
Таа нагласува дека менструацијата не би требала да го попречува секојдневието кај жената.
„Доколку морате да го промените начинот на кој се облекувате, ако ја пропуштате работата или друштвените активности, односно ако го прилагодувате животот на менструалниот циклус, тогаш можеби имате некој проблем и треба да побарате лекарска помор“- додава Овертон.
Се смета дека 20% од жените имаат големи менструални болки.

Ѓумбир
Лековите за намалување на болка како што се парацетамол, ибупрофен, аналгин често се доволни за многу жени при менструација.
Меѓутоа една студија од 2012 година која го проучувала ефектот на ѓумбирот во намалувањето на менструалните болки покажала дека тој има значаен ефект во намалувањето на интензитетот и траењето на болката.

Вежбање
Различни студии покажуваат дека жените кои вежбаат може да имаат помалку болни менструации, но важно е да се нагласи дека тоа се тие жени кои вежбале во текот на целиот месец.
Стручните лица предложуваат благи вежби како што се пливање, одење или возење велосипед, јога или пилатес.

Хидрираност
„Дехидратацијата може да ги зголеми грчевите, па затоа жените треба да пијат многу вода, а да внимаваат со алкохолот и кофеинот“- истакнува Овертон.
Освен што помага за хидратација, чајот од билки може да биде корисен. Исто така, топлината може да делува ефикасно во намалувањето на менструалните болки. Топла купка или туширање со топла вода може да биде од помош.