Категории

Намирници кои се најдобриот извор на енергија

Постојано сте уморни? Тоа е нешто со кое се соочуваат голем број луѓе а тоа е последица на модерниот и забрзан начин на живот. Балансирањето помеѓу работата, домашните обврски, издвојувањето време за пријателите и спиењето често делува невозможно.

Одредени намирници се вистински извор на енергија, содржат мноштво витамини и минерали кои на телото му обезбедуваат потребна енергија.

Еве кои се тие:

1.БАНАНИ
Бананите се богати со магнезиум, аминокиселини, витамин Б. Тие се добар избор за конзумирање наутро затоа што ја поттикнуваат работата на организмот а исто така се добри за пред тренинг.

2.ЗЕЛЕН ЧАЈ
Еден од клучните добри ефекти на зелениот чај е зголемувањето на енергијата и забрзувањето на метаболизмот.
Студија спроведена во Америка покажала дека екстрактот од зелен чај го забрзува метаболизмот за четири одсто во периодот од 24 часа.
Три шолји дневно можат да помогнат во согорувањето на калориите што е доволно кога ќе се израчуна на годишно ниво.

3.ЈАЈЦА
Оваа протеинска намирница е одличен извор на енергија, содржи важни аминокиселини кои му се потребни на телото за нормално функционирање и прозиводство на енергија.
Тијаминот кој го содржат јајцата ги претвора јаглехидратите во енергија која нашето тело може да ја користи, додека витаминот 5 помага да се ослободи енергија од храната со цел телото да може да ја користи.

4.МЕД
Велат дека спортистите во античка Грција користеле мед како природен извор на енергија. Тој е богат со јаглехидрати кои се примарно гориво за телото.
Оваа намирница помага во одржувањето на нивото на гликогени соо што го спречува заморувањето на мускулите.
Ставете лажица мед во шолја чај од некое растение и испијте го наутро, тоа ќе ви ја подигне енергијата.

5.ПЕЧУРКИ
Печурките се богати со железо кое помага во борбата против умор и летаргија, но и во производството на движењето на кислородот во телото.
Со нивно конзумирање внесувате витамин Д и Б12 кои за возврат произведуваат енергија во ќелиите.

6.СПАНАЌ
Овој зеленчук е доста богат со железо, магнезиум и кациум. Магнезиумот има важна улога во произдводството на енергија и не само што ја поттикнува енергијата туку има и опуштачки својства кои влијаат во квалитетот на спиењето.