Категории

Направете сами природна пена за чистење на лицето

Природната пена за чистење на лицето ги отстранува сите нечистотии и остатоци од шминката. Истовремено помага и ги успорува првите знаци на стареење и ја негува и нахранува кожата.

Маслото од кокоск делува како природен антиоксиданс, ја штити кожата од стареење и оштетување.
Маслото од рицинус е одлично за нега на кожата и помага при отстранување на лузни и ја негува проблематичната кожа.

Етеричното масло од мушкатла делува противвоспалително и противбактериски на кожата со чија помош лузните и флеките побрзо зацелуват.

Потребни состојки:
30 гр кокосово масло
30 гр рицинусово масло
5 капки етерично масло од мушкатла

Начин на подготовка:
Стопете го маслото од кокос на пареа. Додадете го маслото од рицинус и етеричното масло од мушкатла и мешавината оставете ја неколку минути во фрижидер.
Полека измешајте со рачен миксер и повторно вратете го во фрижидер. Оставете 5 минути.
Потоа повторете ја постапката со рачниот миксер се додека не добиете пенлива текстура.
Рокот на употреба е 2 месеци.