Категории

Направете сами спреј за хидрирање на кожата (РЕЦЕПТ)

Сонцето и високите температури ја сушат кожата и ја прават склона кон пукање. Затоа е важно правилно да ја негувате во текот на летните денови. Во три чекори можете да направите спреј со чија помош на едноставен начин ќе ја негувате кожата и ќе ја зачувате нејзината еластичност.

Чекор број 1

Издвојте за овој спреј неколку шишенца со пумпа. На тој начин подеднакво ќе го нанесувате и на улица и на плажа.

Чекор број 2

Сварете чај и почекајте да се олади. Во зависност од тоа за што ви е потребен, изберете го соодветниот. На пример, камилица се смирување на воспалени, нане за дополнително разладување, зелен чај за детоксикација.

Чекор број 3

Додадете неколку капки алое вера, масло од јојоба или вода од ружа во чајот. На тој начин ќе ја обезбедите еластичноста на кожата, но и ќе го персонализирате спрејот.