Направете брза и вкусна летна манџа совршена за топлите денови!
Состојки:
- 5 зелени пиперки
- 300 гр домати
- 3 јајца
- 100 гр сирење
- малку масло за пржење
- по желба магдонос
Подготовка:
Исчистете ги пиперките од семето и исечкајте ги на коцки, ставете ги во тава на загреано масло да се пржат, а кога ќе ја променат бојата, додадете ги излупените и исечкани домати. Пржете додека парчињата домати не се растопат и додека не се згусни убаво нивната течност. Потоа изматете ги јајцата, пржете на тивко, кога се готови јајцата додадете го и сирењето искршено. За повеќе луѓе само дуплирајте ги состојките.