Здрави, вкусни и едноставни за подготовка! Ретки се луѓето кои не сакаат благо. Од чоколадо до неутрални торти, постојат безброј рецепти за правење на вкусни слатки десерти. Меѓутоа, понекогаш е потребно да издвоите неколку часа за да ги направите. Ние имаме едноставно и вкусно решение. Станува збор за сирови бомбици кои ќе ве воодушеват.
Состојки:
- урми
- ореви
- печен лешник
- кокос
- чоколадни трошки по желба за декорација
Подготовка:
Во блендер или процесор за храна помешајте околу 15-20 урми (во зависност од количината на бомбици која сакате да ја приготвите), лешници, ореви и кокос. Мешајте додека не добиете густа, но хомогена смеса. Доколку смесата е премногу густа, додадете малку врела вода. Оставете ја смесата во фрижидер половина час. Направете кругчиња и чувајте ги во замрзнувачот до сервирањето за да се стврднат.
Добар апетит!