Категории

Научете да ја совладувате напнатоста и победете го стресот во 3 чекори

Нервозите се неизбежен дел од нашиот живот, а познато е дека можат да предизвикаат серозни здравствени проблеми. Конфликтни ситуации, болест, страв дека ќе ја изгубиме работата, губење на драга личност, сите тие секојдневни настани ја формираат нашата реалност која не можеме да ја промениме.

Правило број 1 – Физичка активност

Физичката активност не е добра само за подобрување на циркулацијата и општата состојба на организмот туку помага и при лачењето на хормонот на среќа. Видот на физичка активност, изберете го сами: трчајте, играјте, возете велосипед или ролери… Вашето тело ќе ви возврати со подобро расположение.

Правило број 2 – Правете го она што ве прави среќни

Кога правиме мали работи кои ни значат многу, ја собираме драгоцената енергија за тешките моменти. Дозволете си задоволство, колку и да е мало, ќе ви го разубави денот, а вас ќе ве направи подобро расположени и подобри пријатели и кон себе и кон другите. Кафе со пријателите, гласна музика, добар филм… Важно е да не заборавите на себе во текот на денот.

Правило број 3 – Промена на начинот на размислување

Овој принцип звучи навистина тешко, но кога ќе станеме свесни колкав дел од негативностите што ни се случуваат всушност зависат од начинот на кој гледаме на тоа – ќе се мотивираме да го промениме начинот на размислување. Воведувањето на позитивни мисли наспроти негативните, пронаоѓањето барем малку добро во она што ни се случува. Во пракса тоа изгледа вака; „Тешко ми е и немам сила, а лошо се чувствувам кога барам помош, на тој начин станувам слаб“, честопати го помислуваме ова, но ако гледаме на ова од страна: „Успеав во животот да имам луѓе кои сакаат да ми помогнат, кои се тука за мене и кои ќе ми ја вратат силата“.