Категории

Научниците докажаа дека е подобро да сте сами, отколку во лоша врска

Неодамна, научниците објавија дека „подобро да сте сами, отколку со погрешната личност“.

Студијата била објавена во нучното списание Family Psychology и вели дека подобро е да сте сами отколку во лоша врска, бидејќи врските се силно поврзани со физичкото и менталното здравје.

Истражувачите до овој заклучок доше по две годишно набљудување на животите на двеста млади кои биле во сериозни врски, безразлика дали биле во брак или во врска, бидејќи двете исто влијаат на здравјето.

Многумина веруваат дека е подобро да се со некој, иако не се целосно исполнети и среќни со таа личност, отколку да бидат сами. Ваквото размислување, според научниците, има негативен импакт на здравјето. Резултатите покажуваат дека паровите кои се чуствуваат пријатно во врската, се разбираат меѓусебно и немаат секојдневни препирања, се во подобро здравје. Според Ashley Barr главниот автор на студијата, недостатокот на стабилност во врската е директно поврзано со депресија, зависоност од алкохол и целокупни, разновидни здравствени проблеми.

Оваа проблематика ја проучувале и други научници, објавен е уште еден труд во „Psychosomatic Medicine“ во кој се прикажани и цифри. Тие велат дека доколку партнерите имаат секојдневни расправии, зголемена за 8,5% е шансата за кардиоваскуларни проблеми, за разлика од некој кој живее во љубов и хармонија.