Категории

Не ги сокривај своите чувства, не е твоја грижа што мислат другите за тебе

Во обидите да се вклопиш ќе се изгубиш себеси во потполност. Ќе бидеш само некој кому светот му одредуваш колку смее да чувствува.

Живееме во свет во кој ти велат дека покажувањето на чувствата те прави ранлив и слаб. Поради тоа ја сокриваме својата осетливост и го убиваме сочувствувањето. Се правиме ладни и мирни.
Зошто? За да се вклопиме?
Смешно е тоа што светот и понатаму не е среќен. Ако си премногу ладна, ќе ти кажат да омекнеш. Маѓепсаниот круг се продолжува и одеднаш се наоѓаш на раскрсница помеѓу тоа дека премногу се грижиш или не се грижиш воопшто.
Зошто? За да бидеш како сите останати?

Во обидите да се вклопиш ќе се изгубиш себеси во потполност. Ќе бидеш само некој кому светот му одредуваш колку смее да чувствува.
Зошто? За и понатаму да бидеш несреќна?
Затоа немој.
Немој да дозволуваш светот да ја убие твојата емпатија. Немој да му дозволиш на светот да те направи студена и мрачна. Ако ти велат дека си премногу драматична и избувлива, сети се дека на светот не му требаат луѓе кои не им е гајле за ништо. На светот не му требаат луѓе кои ги омаловажуваат туѓите чувства.

Зошто да станеш како нив? За тие да се чувствуваат подобро додека ги трошат своите животи?
Немој да бидеш една од тие личности. Биди личност каква што си, прифати ги своите емоции, поради тоа си единствена, баш поради таа способност, да се чувствуваш онака како што се чувствуваш.
Што ти е грижа што мислат за тебе, се додека се грижиш тие ќе те поседуваат. Биди своја.

Прегледи:
590
Објавено на:
24.02.2020