Категории

Не, не ти недостига твојот поранешен – Ти недостига само чувството на љубов

Ти само страдаш за љубов. Страдаш за потребата од некој и желбата да си потребна некому. 

Мислиш дека тој ти недостига? Мислиш дека ти недостига начинот на кој те држеше за рака под летното сонце, или начинот на кој си се смеела покрај него во зимскиот студ? Или како го изговарал твоето име?

Вистината е оваа, тебе ти недостига љубов.
Тебе не ти недостига неговата рака. Тебе ти недостига раката за која ќе се фатиш. Тебе не ти недостигаат неговите усни, туку усни кои ќе ги бакнуваш. Тебе не ти недостига начинот на кој те тешеше кога беше ранлица, тебе ти недостига некој кој ќе биде покрај тебе. Ти недостига љубов која нема никогаш да те напушти.

Тебе ти недостига доверба.
Тебе ти недостига некој на кого ќе му ги кажеш своите тајни и желби, а тој ќе те слуша и ќе ужива. Тебе ти недостига некој на кого ќе можеш да се потпреш кога ќе ти затреба. А не некој кој ќе побегне кога не си ни очекувала.

Немој да ја мешаш својата осаменост и таа дупка во твоето срце, со неговото недостигање.
Ти повеќе не го познаваш. Можеби никогаш не си го познавала. Ти повеќе не ја знаеш таа личност. Повеќе не знаеш која му е омилената кошула. Тие не го знаеш неговиот избор на пијалаци, омилениот бенд, а сигурно не знаеш на кого ќе му се насмевнува после долгиот ден на работа. Повеќе не го познаваш мажот кој си го сакала.

Па како што гледаш, не може да ти недостига некој кој сега е за тебе странец. Не може да ти недостига некој кој е само твој познаник. Дух од минатото. Спомен.

Таа празнина која ја чувствуваш не е поради отсутноста на некој кој си го сакала. Тоа е само поради отсуството на љубов. Чувство за нечија близина. За некој на кого можеш да му ги кажеш своите најдлабоки стравови, а тој некој ќе те заштити, ќе те смири и ќе биде покрај тебе. Всушност тебе ти недостига некој кој ќе го сакаш.

Твојот бивш е сега далеку. Тој повеќе не е личноста која си ја сакала, а не си ни ти таа личност која си била со него. Луѓето се менуваат од минута во минута, од ден во ден. Затоа што секој ден донесува нешто ново. И затоа прифати и сфати дека тој не е личност која ја сакаш, затоа што ако беше, немаше да е твој бивши.

Ти само страдаш за љубов.
Страдаш за чувството на потреба за некој и да му си потребна на некому.
И во тоа нема ништо лошо. Нема ништо лошо да посакуваш љубов. Само немој да ја мешаш таа желба со желбата за љубов од минатото. Немој да ја мешаш таа празнина, затоа што него веќе го нема. Тебе ти недостига љубов. Не тој. Ти веќе не знаеш каде е тој но многу добро знаеш што е љубов. Тоа е љубовта која ќе трае засекогаш. Не мажот кој те напуштил пред година или две.

Прегледи:
581
Објавено на:
06.04.2020