Не влегуваме во животот за да се напаѓаме, критикуваме, докажуваме. Кој е подобар? Кој е поголем? Кој е посилен? Што добиваме од тоа? Ништо. Ние сме тука да се заштитиме, од се што ни штети, од лошите луѓе. Тука сме да подадеме рака и да го подготвиме патот за туѓата среќа, а не да им фрламе пречки на патот на другите. И само една ситница е доволна за да се види голема разлика. Кој те сака и почитува а кој не. Кој има пријателско лицеа кој маска.
Ние сме во животите на другите за да го создадеме тој магичен момент кој ќе остане. и памети. И ништо големо не е потребно за да се создаде. Само да покажеме дека се грижиме. Да ја залечиме раната. Луѓето велат дека времето ги менува работите, но всушност ние ги менуваме. Ние одлучуваме со колкава волја ќе се впуштиме во новиот ден. Не постои лош ден кој не може да се поправи само со една реченица: „Тука сум ако ти требам“.