Категории

Не остануваш сам кога сите ќе те напуштат, туку тогаш кога ќе се напуштиш себеси

Остануваш сам кога ги замолчуваш своите чувства, кога своето срце го гушиш во молк мислејќи дека ќе и побегнеш на болката, но тогаш тебе те снемува. 

Остануваш сам тогаш кога ќе престануваш да си пружиш рака на себеси. Кога молчиш пред себе и веќе го нема тој глас кој те охрабрува и ти дава надеж. Кога бегаш и од себеси и од погледот во огледалото. Тогаш кога не се препознаваш.

Не, не остануваш сам кога другите ќе те напуштат. Остануваш сам кога ќе ги напуштиш своите соништа и желби, кога ќе ги оставиш да гнијат во некој мрачен агол, кога се предаваш и повеќе не правиш никакви напори, тогаш и тебе полека почнува да те снемува.

Остануваш сам кога ги замолчуваш своите чувства, кога своето срце го гушиш во молк мислејќи дека ќе и побегнеш на болката, но тогаш тебе те снемува.
Остануваш сам кога си во друштво на луѓе со кои не се смееш, но одбиваш да заминеш затоа што се плашиш да тргнеш во потрага по нешто подобро, затоа што те плаши ослободувањето кога веќе премногу добро си се навикнал на сопствениот кафез.

Сам си и кога си со сиот свет, а се плашиш да се соочиш со себеси, кога бараш засолниште во сечија душа, додека во твојата си ја претворил во пустелија.

Прегледи:
497
Објавено на:
17.04.2020