Категории

Не постои жена која не сонува за нејзиниот гардеробер: Кралицата на стилот ОЛИВИА ПАЛЕРМО

Со причина ја носи титулата модна икона

Модните комбинации на Оливиа Палермо секогаш оставаат без здив и добиваат највисоки оцени од модните критичари. Таа дефинитивно знае кои се правилата за добриот стил. До сега не е видена во лош стајлинг а модата е нејзина страст уште од мали нозе, затоа секогаш одушевува со својот стил.
Нејзиниот стил се базира на едноставни парчиња, а нејзиното модно правило гласи „Што поедноставно тоа подобро.“ Понекогаш основите парчиња изгледаат многу по ефективно од некои смели кроеви и силни бои.
Таа ги обожава неутралните тонови и во главно нејзините стајлинзи се базираат на едноставни но клучни парчиња кои најчесто ги збогатува со одличен накит. Минимализмот не оној по кој таа се води.