Категории

Негативните мисли за другите се во вас, а не во нив

Ослободете се од тој отров, тие само ве уништуваат вас, а не нив!

Ослободете се од тој отров, отров кој ја уништува вашата душа. За да се ослободите од потребата да оговарате, напаѓате, критикувате, омаловажувате и да ги понижувате другите, морате пред се да се исчистите од негативните мисли кои ги имате за нив. Тоа е цената на вашиот мир. Затоа секогаш на почетокот преиспитувајте се колку добро ги познавате, можеби знаете само нешто површно за нив, но сигурно не ја знаете целата приказна низ која поминале.

Негативните мисли за другите се во вас, не се во нив. Колку пати се случило, кога од вас излегол некој лош збор, а подоцна сте се плашеле дека ќе допре до нив, ве уништува тоа чувство што сакате да им се допаднете на другите но и ви одат на нерви, потребата да им се доближите но и да побегнете што подалеку од нив кога подобро ќе ги запознаете. Колку ноќи поминале кога сте размислувале загрижено за другите, наместо за себе?

Негативните мисли за дргите се во вас, а не во нив. А таа негативност не е само мисла, тоа е упропастување на вашиот дух, уништување на вашата сила, губење на вашиот фокус на важните нешта во вашиот живот. Со негативните мисли единствено најмногу губите самите вие. Тие не ни знаат што се случува во вас.

Престанете да бидете окупирани од другите. Живејте го својот живот. Во мислите гледајте го само својот пат, а не нивниот. Дури кога искрено ќе се засакате себеси вашата љубов ќе допре и до нив и ќе почнете да ги менувате. Бидете силни кога се спротивставувате на своите лоши мисли, тие се вашиот најголем непријател, не се другите. Отворете се и комуницирајте. Тогаш ќе видите колку всушност сте слични и блиски и нема да имате потреба да мислите негативно за нив.

Прегледи:
429
Објавено на:
07.01.2020