Домашниот миленик секако ќе го збогати и исполни вашето секојдневие, можеби е време да си присвоите еден?
Бројни студии докажале дека животните влијаат позитивно на нашето разположение а и здравје. Кучињата и мачките се најчести станари во домовите, но и другите крзнени животинчиња имаат подеднакво влијание затоа што на крајот тие поттикнуваат позитивни и топли емоции во нас. Грижата за друго суштество пред се не прави одговорни, а ако живеете сами, освен верен пријател имате и весело друштво кое ќе ви го поправи расположението и после нај напорниот работен ден. Домашните миленици се испробан рецепт за убав и среќен живот, а еве кои се начините на кои тие го прават тоа.
Милениците го подигнуваат расположението
Стресот е неизбежен дел од секојдневието и каде и да тргнете, колку и да го избегнувате, секогаш ќе се сретнувате со него. Но она што може да влијае е дома да создадете убава атмосфера која ќе биде ваша „зона без стрес“, а кој подобро може да го направи тоа ако не домашното милениче. Според истражувањата, барем десет минути дневно поминати во близина на животинчињата го намалува нивото на кортизол во крвта. Тоа значи дека ќе бидете помалку вознемирени, нервозни и напнати а со тоа ќе ви се подобри и расположението.
Повеќе интеракција, помалку изолација
Денес поминуваме големо време на мобилните телефони, пред компјутерите и телевизорите па интеракцијата со другите луѓе е сведена на минимум. Но за да одржите здрав дух, потребно е да се социјализирате, а миленикот ќе ве мотивира во тоа. Лежерната прошетка допринесува зајакнување на коските и мускулите, а времето поминато на сонце го поттикнува производството на витамин Д. Прошетката во паркот исто така допринесува во стекнување на нови познанства.
Терапевстско делување
Сигурно веќе сте слушнале дека животните користат во целта на терапевтското лечење. Галењето на куче или маче создава чувство на мир и ги намалува симптомите на депресија, анксиозност и слични состојби. Исто така се развиле голем број теории за тоа дека изложеноста на крзното на животните потенцијално ја смалува можноста за развивање на астма и алергија.
Домашниот миленик секако ќе го збогати и исполни вашето секојдневие, можеби е време да си присвоите еден?