Своето срце можеш да го потопиш во анестетик, но не можеш да ги исклучиш своите чувства како прекинувач.
Не можеш да бидеш бесчувствителна кукла каква би сакала да бидеш. Најдобро што можеш да направиш е да се однесуваш како да немаш чувства, но животот нема да направи да ти биде полесно. Нема да го заштитиш своето срце ако се преправаш дека го немаш.
Не можеш да се лажеш себеси
Можеш да ги лажеш своите родители кога ќе те прашаат дали има некој во твојот живот, можеш да се лажеш дека не поднесуваш мажи и бракот е обична фарса. Можеш да ги игнорираш и оние фантазии и соништа кои ги имаш за некого, но длабоко во себе ја знаеш вистината.
Нема замена за љубовта
Таблетите нема да ја отупат болата во срцето како ни испиеното шише. Сите пораки на мобилниот телефон или лајкови можат некое време да те држат, но на крајот на денот повторно ќе се почувствуваш осамено. Нити еднаш чаша не е доволно голема, нити една таблета доволно силна, нити еден страв добар изговор, да го заменат чувството на вистинската љубов.
Не може само љубовта да те повреди
Дури и ако си се заколнала дека е готово со врските, и понатаму можеш да ја почувствуваш болката на скршеното срце. Без оглед на се, ќе се сретнеш со некого, и ќе се вљубиш ненадејно, во соседот или најдобриот пријател. Можеш да бегаш од љубовта, но не можеш да се сокриеш.
Да бидеш ладна не значи исто како и да немаш срце
Твоето срце е повредено. Не сакаш повторно да чувствуваш. И затоа не чувствуваш ништо кога некој ќе ти додели комплимент, ќе те повика на состанок или ќе ти ја допре раката. Но тоа не значи да немаш срце повеќе, и понатаму знаеш како да сакаш. И понатаму можеш да бидеш сакана. Се што ти треба е само малку време да ги залечиш раните на срцето пред да можеш да му го поклониш некому повторно.
Болката е дел од животот
Би било глупо да останеш невработен поради стравот дека можеш да добиеш отказ или да се откажиш од факултетот поради стравот дека ќе паднеш на испитите. Зошто тогаш би избегнувала нови средби, нови познанства, нови насмевки – од страв дека ќе бидеш повторно оставена? Се што во животот е вредно, доаѓа во пакет со ризиците. Мораш да бидеш спремна да ги прифатиш.