Категории

Нешта кои би и ги кажала на 20-годишната ЈАС

Кога би имала шанса, овие нешта би си ги порачала на себеси

Пред својот 40-ти роденден, размислував многу за некои работи. Веројатно тоа е тоа време кога ги сумираш резултатите, падовите и успесите. Досегашниот живот.
Размислував многу за онаа изрека: „Кога би можел се од почеток, каде тогаш би згрешил?“

Навистина кога би можела да си кажам нешто на 20-годишната себе, каков совет би си дала?
Еве што би рекла:

Промени го факултетот
Никогаш нема да го завршиш она што не го сакаш. Запиши, студирај и заврши го она кое го сакаш, само така ќе бидеш среќна секое утро, а не само еднаш месечно, кога ќе ти легне платата.

Плачи кога треба
Плачи кога ќе се случи, што и да се случува. Дери се, викај, кукај на сиот глас. Имаш право на тоа. После ќе биде доцна, психијатрите се скапи.

Патувај колку што можеш повеќе
Колку што можеш, дури и кога не можеш, патувај. Секогаш движ се. Така проблемите ќе ти изгледаат поматни, а видиците се пошироки. Ќе го сакаш сиот свет и сиот свет ќе те сака тебе.

Пушти ја косата, под итно
Кратка не ти стои и не изгледаш „по опасно“.

Смеј се повеќе
Помалку засмевај ги другите, а повеќе смеј се ти. Брчките ќе ги има, но барем нека ги има поради насмевките.

Вежбај
Колку и да го мразиш тоа и колку и да си мрзелива, вежбај редовно. Ќе бидеш помалку грбава и градите ќе ти станатподобри. Здраво е и ќе ти биде важно кога ќе бидеш постара. Здравјето е важно.

Остани своја
Ќе има и такви кои ќе ти кажат дека нешто мораш да промениш и да го направиш „онака како што треба“. Ќе жалиш доколку го направиш тоа поради другите, а не поради себе. Запомни, најдобрата верзија на себеси е онаа каква што си. Точка.

Почни да штедиш
Секогаш имај нешто на страна, никогаш немој да трошиш се до последен денар, верувај ќе ти треба.

На крајот се ќе биде добро
Можеби ќе изгубиш некои луѓе, ќе сакаш многу, срцето ќе ти биде скршено, понекогаш ќе бидеш депресивна, осамена, несреќна, но сето тоа ќе помине. Нема да веруваш, но ќе помине. Да, се ќе биде добро!

Прегледи:
451
Објавено на:
28.02.2020