Категории

Нешта кои треба да ги изговарате без да трепнете

Некои нешта е подобро да си ги кажете во себе, а некои на глас

Пријателката ве прашува дали би сакале да и го почувате миленичето на некој ден, вие во себе си велите „леле, не“ , но притоа сепак изговарате „да, секако“. Потенцијалниот работодавец ве прашува колку плата сакате а вие помислувате „јас сум вредна за ова и ни денар помалце“, но изговарате „не сакам да преминам на помала плата“.
Стравот често остава дојам за нас и буди чувства дека вредиме помалце. Меѓутоа морате да сфатите дека самодовербата произлегува од сигурноста во фактите колку вредите. Прочитајте ги овие совети од стручњаците за овие неколку изјави кои морате научите да ги изговарате без да трепнете.

-Фала
Кога последен пат сте одговориле на добиениот комплимент со „фала“?
Многу луѓе се чувствуаат непријатно кога ќе добијат комплимент, многу од нив возвраќаат со „Ах, ова е стара маица“ или „ма не е оригинал“. Важно е да научите да примате комплименти и пофалби и да уживате во нив и исправно е да нив да одговорите со благодарност.

-Платата која ја сакам е..
Вашата сопствена вредност мора во вас да биде јасна и одлучна, затоа што тоа што го сакате иначе нема да го добиете.
Дури и кога работодавецот ќе ви каже дека не може да ви даде толку и тоа е нивната најдобра понуда, вие тогаш можете да преговарате за други нешта, на пример дека работите и дома и дека би сакале да преговарате повторно. Ако знаете колкава плата добиваат останатите со вашата позиција, добро е да преговарате за себес.

-Не
Неколку вистини околу зборот НЕ: тоа е една цела реченица, а многу од нас имаат проблем да ја изговорат. Но еве зошто зборот Не е важен:
Постојат многу шанси на кои секој пат сте одговарале со Да, а всушност сте мислеле Не – без оглед на тоа дали сте му го рекле на шефот, вашиот партнер, или вашето детео – сте сакале само да сочувате добар однос со сите нив.
Но тоа создава потполно поинаков впечаток. Ако не сте искрени со своите желби тоа директно влијае врз вас, колку долго ќе можете да се носите со тоа толку повеќе притисок ќе чувствувате. Вие не сте себични кога ќе кажете Не.

-Јас го направив тоа
Постои тенка линија помеѓу тоа кога некој се фали со своите заслуги и оној кој дозволува другите да си ги припишуваат пофалбите за неговите достигнувања.
Научете се да се носите со сопствените успеси и бидете горди на тоа, тоа не  делува како да се фалите туку дека сте свесни за своите способности и квалитети.

Прегледи:
403
Објавено на:
21.11.2019