Категории

Неверојатни факти за емоциите кои морате да ги знаете

Сите ние добро знаеме какви емоции постојат и како е тоа кога сме среќни, тажни, лути.. Но дали знаеме зошто е тоа така, и која е поентата на емоциите?

ЕМОЦИИТЕ СЕ ЕЛЕКТРОХЕМИСКИ СИГНАЛИ КОИ ТЕЧАТ НИЗ НАШИТЕ ТЕЛА ВО НЕПРЕКИНАТ ЦИКЛУС

Емоциите се создаваат во мозокот како резултат на нашето гледање на светот. Ги чувствуваме цело време. Сме учеле толку многу безначајни нешта во училиште а немаме баш многу знаење за нешто толку важно и секојдневно.
Во секој случај емоциите се создаваат во нашиот мозок и течат низ целото тело. Исто така се произведуваат во телото и одат во мозокот што практично создава непрекинад циклус на повратни емоции кои пренесуваат сигнали кои ни помагаат да функционираме.

Емоциите регулираат се, вклучувајќи ги и нашите мисли.

1.ПОСТОЈАТ 8 ОСНОВНИ ЕМОЦИИ
И безброј варијации и нијанси помеѓу нив. Осумте основни емоции се радост, тага, страв, гадење, изненадување, исчекување, лутина и доверба.
Научникот Роберт Плутчик создал коло на емоции со цел полесно да ги прикаже визуелно основните емоции и нивната динамика и што се случува кога емоциите не се котролираат или кога ќе се испреплетат две различни, како што е исчекувањето и радоста.

2.ЕМОЦИИТЕ СЕ НЕУТРАЛНИ
Тоа значи дека емоциите сами по себе не се нити добри нити лоши. Тоа само така ни се чини затоа што на пример, радоста е секако поубава од тагата. Но постојат два проблеми во ваквото размислување. Првиот е тој што радоста и тагата имаат многу заеднички нешта. Радоста значи дека добивате нешто за кое ви е грижа. Тагата значи дека губите нешто за кое ви е грижа. Тоа се всушност само две страни на истата потреба и една не може да постои без друга.

3.ЕМОЦИИТЕ НЕ ВОДАТ ДА ПРЕЖИВУВАМЕ И ДА СЕ РАЗВИВАМЕ
Емоциите го насочуваат нашето внимание и не мотивираат во некоја одредена работа. Секоја емоција има своја цел. На пример, лутината е показател дека некој пат ни е попречен и ни го насочува вниманието на закана и не мотивира да се бориме да ја преминеме препреката. Секако лутината може да се користи и деструктивно но исто така ни дава енергија да пронајдеме решение за проблемот кој не засега.
А што е со радоста?
Радоста го насочува нашето внимание на некоја шанса и не мотивира да работиме повеќе од тоа колку сме работеле претходно. Радосни сме само кога имаме чувство за смисла и поврзаност, а целта на оваа емоција е да ни каже дека таа е позитивна и треба да тежнееме кон неа.

4.ЕМОЦИИТЕ СЕ ЗАРАЗНИ
Емоциите се шират меѓу луѓето како вирус, дури и кога не обрнуваме внимание на нив. Било да се наоѓаме во група или со само една друга личност, ние ги „собираме“ нивните позитивни и негативни емоции. Еволуционерната основа на ова е прилично едноставна:Луѓето единствено успеваат да преживеат и да се развиваат само во групи. Ние сме друштвени суштества.

Баш поради тоа ги примаме емоционалните состојби од своето опкружување.

5.ЕМОЦИИТЕ НЕ СЕ ИСТО ШТО И ЧУВСТВАТА И РАСПОЛОЖЕНИЈАТА
Но секако тие се меѓусебно поврзани. А во што е разликата?
Па практично во времето. И нивото на вклученост на нашите когнитивни мисли.

6.ЕМОЦИИТЕ СЕ УПИВААТ ВО ТЕЛОТО ВО РОК ОД НЕКОИ ДЕСЕТ СЕКУНДИ
Секој налет на хемикалии кои создаваат емоции од моментот на производството во хипоталамусот до моментот кога во потполност се разложуваат и упиваат, трае околу шест секунди.

Прегледи:
1006
Објавено на:
11.06.2020