Категории

Носењето ракавици наместо редовно миење на рацете е потполно погрешно

Лекарите советуват да не го правите тоа

Многу луѓе носат ракавици кога одат во маркет, аптека или купување. Но, тие штитат само ако се користат правилно.

Докторот Каран Рангараџан, хирург во Националната здравствена служба во Велика Британија, објаснува дека носењето на ракавици наместо редовно миење на рацете претставува голем ризик.

„Носите ракавици во супермаркет и допирате се. Во текот на денот со истите тие ракавици допирате многу нешта и со тоа собирате микроби на нив и ги пренесувате. На вашите ракавици сега се наоѓаат многу повеќе микроби отколку кога би ги измиле рацете“

Тој исто така додава дека на тој начин го допирате воланот а можеби и лицето во некој моемент.
Неговиот совет е да ги миете рацете што е можно почесто, а ракавиците не ви се потребни.

Прегледи:
561
Објавено на:
08.04.2020