Доколку се одлучивте да ја доведете вашата линија до совршенство и да не дозволите зимата која доаѓа да влијае врз вашите килограми, тогаш пилатесот е вистинското решение за вас. Но, за почеток еве што треба да знаете:
View this post on Instagram
Погрижете се да изберете пилатес инструкторка која ќе ве запознае со основните принципи
Сѐ треба да се одвива по ред: при изборот на вистинското пилатес студио, од голема важност е неговата локација, посветеноста на инструкторите, како и вежбите кои се извршуваат на часовите. Токму затоа, потребно е да го изберете најдоброто за вас – PowerHouse Pilates студиото, кое располага со 3 локации низ Скопје, овозможувајќи ви да стигнете бргу до најблиското студио. Дебар Маало, Кисела Вода или пак Аеродром – изборот е на вас, а покрај одличните локации добивате инструкторки кои ќе се посветат на вас и на правилното изведување на вежбите уште од самиот почеток.
View this post on Instagram
Размислувајте позитивно и имајте трпение
Позитивното размислување е многу важно и помага при остварувањето на посакуваната визија. Но, она што е најважно е да не заборавите дека треба да имате трпение при изведувањето на вежбите за постигнување на целта и најважно од сѐ, да не се откажувате дури и тогаш кога е потребно малку повеќе време за да ги достигнете посакуваните резултати.
View this post on Instagram
Започнете со лесни вежби, не се форсирајте премногу од самиот почеток
„Без болка нема резултати“ не е изрека која важи и за пилатесот. Токму затоа, од самиот почеток е важно да вежбате во професионално и докажано пилатес студио какво што е PowerHouse Pilates каде што ќе добиете вежби соодветни на вашата кондиција, телесна маса и искуство. На овој начин, резултатите ќе бидат побрзи, поефикасни, а вие со задоволство ќе ги посетувате часовите, зголемувајќи го своето искуство и вештини.
View this post on Instagram
Организирајте се и одвојте време за себе
Исклучете го мобилниот, заборавате на секојдневните обврски и проблеми и одвојте време за себе опуштајќи се со пилатес. Не само што ќе го одржувате своето здравје, ќе се вратите дома полни со енергија, опуштени и релаксирани.
View this post on Instagram
Не брзајте, најважно е да ги изведувате вежбите правилно, а не брзо
Пилатесот е дисциплина во која најважно е правилно да ги изведувате вежбите, а брзината тука не игра никаква улога. Забрзувањето нема да ви донесе подобри резултати, а доколку одвоите повеќе време за вежбите ќе имате поголем предизвик да ги изведете правилно и потешките вежби, а со тоа ја зголемувате и својата ефективност.
View this post on Instagram
Пилатесот како дисциплина во вежбањето докажано е идеална за обликување на телото, па доколку се одлучите дека сакате да ги промените своите животни навики и да се насочите кон создавањето здрав и исполнет живот, посетете го најблиското студио до вас на PowerHouse Pilates и закажете го својот термин.