Пред неколку дена, изневерената невеста Саманта Враг објавила оглас за продажба на нејзината венчаница на популарниот сајт „eBay” откако нејзиниот сопруг ја оставил поради друга жена. Како причина ги навела трошоците за развод, а сега нејзиниот поранешен сопруг одлучил да ја сподели со светот неговата страна од приказната.
Рос Адам Патриџ, диџеј од Магалуф, снимил кратко видео и го објавил на Јутјуб.
„Не сме повеќе заедно (иако чекаме заедничко бебе – верувајте, многу е комплицирано), а Саманта исто така сега има ново момче и двајцата водиме сосема различни животи.
Она што сакам да го разјаснам е фактот дека одбивам да ги платам трошоците за разводот. Кога се договоривме да започнеме парница, мислев дека ќе ги плаќаме трошоците по половина. Но, кога ми беа доставени документите во кои пишуваше дека јас треба да платам се` – одбив. Поради тоа, понудата и понатаму важи – со задоволство ќе ја платам мојата половина и ништо повеќе од тоа“, ѝ објаснил тој на својата поранешна сопруга и ѝ ја посакал целата среќа со блогот кој го води, како и со новото момче.