Категории

Оскаровката Џенифер Лоренс заблеска со кадрава коса и провокативна тоалета на премиера во Лондон

Откако се појави на доделувањето на BAFTA наградите во неделата во Лондон во класична, елегантна Диор тоалета, таа сега ја покажа другата страна. 

Црната боја преовладуваше на доделувањето на наградите, како дел од Time’s Up движењето, но сега Џенифер блесна во поинакво издание.

Со кадрава коса, насмеана, во сексапилна тоалета позираше на црвениот килим на Европската премиера на филмот Red Sparrow, во кој ја игра главната женска улога.

27 годишната актерка повторно носеше Dior тоалета, овој пат златна и со длабоко деколте, изгледаше одлично како и секогаш.