Категории

Ослободете се од главоболката на природен начин – Едноставни и корисни рецепти

Природни билки кои успешно помагаат при олеснување на главоболката

Главоболките во главно не се опанси, но се препорачува да се посети лекар ако се појавуваат за прв пат после многу години и ако го промениле местото на болката, јачината или станале многу чести.

Опасни се и ако се пропратени со вртоглавица и замаглен вид. Во останатите случаи понекогаш е доволно да направите мали промени во начинот на живот – на пример, ако често ја носите косата собрана во цврсто коњско опавче, можеби тоа е причината за неподносливата болка.

Ви споделуваме неколку природни рецепти кои ќе ви ја олеснат болката за кратко време

ЃУМБИР
Исецкајте 2-3 цм ѓумбир и прелијте го со две шолји врела вода. Покријте го и оставете го да одстои 30 минути. Чајот пијте го секој ден како превенција затоа што нема несакани дејства.

ЛИМОНАДА
Растопете прстофат сол во лажица топла вода, додадете чаша ладна вода и лимонов сок и испијте.

РУЗМАРИН

Ја подобрува циркулацијата во главата и помага при главоболка. Во народната медицина се користи како лек за низок крвен притисок.

Една лажичка сув рузмарин прелијте го со 250мл зовриена вода. Оставете да одстои 10 минути, исцедете и испијте.

ЧАЈ ОД ЦИМЕТ
Циметот е извор на манган, железо, влакна и калциум. Исклучително е ефикасен во борбата против главоболката.

Скршете стапче цимет или земете лажичка цимет во прав и прелијте го со шолја врела вода. Покријте и оставете да одстои 10 минути. По желба можете да додадете кесичка од омилениот чај и оставете да одстои неколку минути.
Засладете по вкус и пијте, но не повеќе од 3 шолји дневно.

НАНЕ
Ставете една лажица суви листови од нане во 150 мл врела вода. Оставете да одстои 10-15 минути па исцедете. Пијте шолја чај после секој оброк или како смирувачко средство пијте 1 шолја навечер.