Категории

Ова е човекот кој им ги разубавува последните денови од животот на болните деца

Според одделот за здравство и социјални услуги во Америка, денес има преку 400.000 деца кои се наоѓаат во згрижувачки семејства. Иако се вложени милиони долари државна помош за овие деца, сепак не секое од нив расте во безбедно и здраво семејство. Некои згрижувачки семејства не се погодни за одгледување деца и го прават тоа само за да ги користат државните пари.

За разлика од овие лоши примери за кои се надеваме ќе бидат се поретки, постојат и такви кои имаат прекрасно влијание врз децата кои ги вдомуваат.

Еден таков пример е 62-годишниот Мохамед Бзеек, кој повеќе од 20 години посвојува деца од калифорнискиот систем за згрижување во Лос Анџелес. Она што ја прави приказната на Мохамед уште поспецифична, е тоа што посвојува само деца кои се болни од неизлечлива болест и се осудена на сигурна смрт. Од 35.000 деца во системот за згрижување, се наоѓаат околу 600 деца на кои им е потребна постојана медицинска грижа. Мелиса Тестерман, внатрешниот координатор токму на тие деца, вели дека Мохамед е единствениот посвојувач кој згрижува деца кои се заболени од неизлечливи болести.

Желбата за помагање и разубавување на последните денови од животот на овие деца кај Мохамед се појавила кога ја запознал својата сопруга која веќе долги години посвојувала деца. Гледајќи го тоа неверојатно искуство Мохамед и својата сопруга го посвоиле првото дете 1989 година. На почетокот не биле фокусирани само на болни деца, но откако починало дете со ‘рбетно пореметување за кое се грижеле, се фокусирале само на деца за кои никој не сака да се грижи. Мохамед тоа го објаснува вака:

“Тајната е во тоа што треба да ги сакате како свои. Знам дека се болни. Знам дека ќе умрат. Се трудам да направам се како човечко суштество да им го разубавам животот, а останатото го оставам на Бога.”

Најмалку што може да се каже за Мохамед е дека е сочувствителен родител. Тој некако црпи енергија да ја продолжи својата мисија која трае повеќе од две декади. За овие згрижени деца да искусат толку многу љубов во најтешките моменти е повеќе од чудо.

 

 

 

Прегледи:
461
Објавено на:
10.07.2017