Забранета е продажбата на јајца и месо, како и убивањето животни.
Палитана е мал град во округот Бхавганар во Индија, во кој жителите се вегетаријанци. Тоа е првиот потполно вегетаријански град во светот, а се смета за најсветото место за луѓето кои ја следат религијата џаинизам.
Во градот постојат 863 храмови кои се посетени секоја година од бројни верници кои веруваат дека нивниот спасител Адинатха одел по нивните брда. Палитана е толку религиозно место што околу 200 монаси во 2014. година штрајкувале со глад велејќи дека попрво ќе умрат отколку да дозволат убивање и консумирање на животни во својот град.
Монасите исто така барале затворање на 250 месари и забрана за ритуално убивање на животни. Владата била присилена да го прогласи градот за зона без месо.
Станува збор за религија која се фокусира за благосостојбата на сите живи суштества. Следбениците на оваа религија сметаат дека луѓето, животните и билките имаат душа со еднаква вредност.
Млечните производи сѐ уште се дозволени во овој град.