Категории

Ова е советот кој Анџелина Џоли постојано им го повторува на своите ќерки

Изминатава година во која познатата актерка се разведе од својот сопруг Бред Пит, се соочи со здравствени проблеми, со сигурност за неа не беше лесна. Но, оваа актерка и активистка има голема утеха – своите шест деца.

Во сенка на разоткривањето на сексуалната злоупотреба и погазените права на жените во Холивуд, Анџи за едно интервју открила како ги воспитува и кој е советот кој постојано им го повторува на своите ќерки, 13 годишната Захари, 11 годишната Шило и 9 годишната Вивиен:

„Тоа што ве издвојува е она што сте желни да го направите за другите луѓе. Секој може да облече фустан и да се нашминка. Вашиот ум е тој кој ве одредува. Откријте кои сте, што мислите и за што се залагате. И борите се и другите да добијат таква слобода. Само животот во служба на одредена цел е вреден за живеење.“

Прегледи:
442
Објавено на:
13.02.2018