Категории

Ова е вистината за жената која секогаш има насмевка на лицето…

Жената која секогаш носи насмевка на лицето е силна. Таа е борец. Таа е единствена.

Жената која секогаш носи насмевка била до пеколот и назад. Таа се соочила со предизвици и болки за кои луѓето околу неа никогаш нема да знаат. Нејзиното трпение било тестирано, а нејзината доверба предадена многу пати. Таа се соочила и сѐ уште се соочува со предавства, неверства, има скршено срце, но таа никогаш не го покажува тоа.

Жената која секогаш носи насмевка на лицето го допрела дното многу пати.Но, секогаш кога животот ја соборил, таа собрала сила и храброст да стане, да ја преброди болката и да продолжи. Затоа, таа никогаш не престанува да се бори за својата среќа, дури и кога поминуваа низ тежок период.

Жената која секогаш носи насмевка на лицето била предадена и повредена од блиски луѓе. Ги пуштила блиску до своето срце, им дала љубов, и им верувала целосно само за да биде изманипулирана, искористена и осудувана за своите постапки. Затоа, таа сега е многу внимателна при избирањето луѓе на кои ќе им дозволи да ја запознаат целосно.

Жената која секогаш носи насмевка на лицето има направено многу грешки. Не успеала да исполни многу цели. Се соочила со губитоци, изгубила многу пријатели и била во врска со неодговорни, себични момци. Но, никогаш не дозволила овие лоши искуства да ја скршат. Никогаш не дозволила да престане да верува во себе.

Жената која секогаш носи насмевка на лицето не е секогаш среќна. Таа не е секогаш задоволна од својот живот. Понекогаш пати. Понекогаш има чувство како целиот свет да се распаѓа пред нејзините очи и не може да направи ништо во врска со тоа. Но, го крие тоа позади нејзината насмевка. Зошто?

Затоа што одбива да биде сожалувана. Избира да не чувствува горчина во срцето. Избира да не жали за проблемите и болката.

Избира да се бори. Да биде силна. Да биде отпорна.

Избира да ги надмине грижите, предизвиците, искушенијата кои и ги праќа животот.

Избира да биде благодарна. Бидејќи знае дека постојат луѓе кои ја сакаат и се грижат за неа. Знае дека има семејство и пријатели на кои секогаш може да смета.

Жената која секогаш носи насмевка на лицето е горда на себе и на сѐ она што го направила во животот.

Таа е горда дека успеала да ги преживее лошите мигови во животот. Таа е горда дека успеала да ги претвори неуспесите во значајни лекции за животот. Таа научила како да биде силна, отпорна и храбраа, дури и во најтешките и најболни ситуации.

Низ годините, таа научила како да се смее низ солзи, низ тага и да зрачи со позитивна енергија, радост и љубов дури и кога срцето и е обвиено во темнина.