Кралските снаи докажуваат дека овој пар чевли е задолжителен во кралскиот гардеробер.
Едноставен, но елегантен, соодветен за дамите од кралското семејство кои се трудат секогаш да изгледаат скромно, но прекрасно. Често можат да се зебележат Кејт и Меган како носат класична велур салонка во тегет боја, што е одлична промена од класичната црна боја, а совршено оди со се од лежерни џинс комбинации, со елегантни фустани.
Овие две дами се вистинска модна инспирација со нивните комбинации во кои може да се пронајде секоја жена, а ова се неколку модели од моќните чевли кои можат да се најдат во вашиот гардеробер.