Категории

Ова се најдобро стилизираните дами за 2019 година

Модната Библија ја објави конечната листа

Списанието Vogue кое е наречено и „Модна Библија“, на крајот на секоја година собира впечатоци и составува листа на најдобро облечени дами – па еве кои од нив ја добија оваа титула.

На листата сосема очекувано, во топ 10, се најде војвотката од Сасекс Меган Маркл која Vogue ја опиша како модерна припадничка на кралското семејство. На дамите ширум светот им се допаѓа нејзиниот класичен и елегантен стил, а се што облекува после тоа веднаш брзо се распродава.

Покрај Меган, на листата се најде и Наоми Кембел, а модните стручњаци особено го погалија нејзиниот избор на тоалети за време на свечените настани.

Уште една позната дама која привлекува големо внимание со своите модни избори е Ријана. Откако ја лансира сопствената луксузна колекција и го основаше брендот Fenty, пеачката многу често се појавува во сопствените креации и добива одлични модни критики.

Лејди Гага исто така се најде на листата на најдобро облечени за 2019 година. Тоалетата со потписот на модната куќа Valentino, која ја носеше на доделувањето на Златните глобуси, Vogue ја нарече „тоалета на годината“.

Покрај овие дами на листата се најдоа и Фиби Валер-Бриџ, Адвоа Абоа, Лупита Нонг, Зое Кравиц, Трејси Елис Рос и Џем Чен.

Прегледи:
393
Објавено на:
26.12.2019