Ова навистина се можеби едни од најкретивните кутии за кибритчиња во светот. Имаат посебно значење заради нивните преслатки пораки, а се одличен подарок за најблиските, пријателите или семејството.
Мали, но сепак се убав гест кој оддава големо значење за различни моменти во животот, кога на некој му треба малку среќа, за роденден, како љубовна порака или за родителите.
Креирани се од Виетнамец за кој повеќе може да видите во неговата Etsy продавница Shop3xu, рачно изработени, уникатни, на кој може да ја додадете и вашата лична порака.