Категории

Ова се најлошите работи на кои се изложени жените секојдневно

Живееме во општество каде, главно, на жените им се поставуваат нереални стандарди, а притоа се осудуваат и се покажува со прст кон нив кога прават нешто што е надвор од нечија слика за нормално. 

Облеката, однесувањето, изгледот, се е подложно на критика. Или се облекуваш многу провокативно или многу здодевно, лошо е да не работиш, а уште полошо да си амбициозен и да бидеш пред нив, лошо е да си независна и да бараш квалитетна врска, исто како што е лошо да го слушаш мажот цело време.

Daisy Bernard преку интересни илустрации ги покажува нефер двојните стандарди на кои се изложени жените во секојдневието. Почнувајќи од карактерот, работата и врските, а модерната жена има улога на мајка, сопруга, а во исто време гради и кариера што е навистина тешко и е за пофалба. Жената најчесто е изложена на овие двојни стандарди кои Daisy ни ги претставува, а не треба да постојат, едноставно жените треба да бидат подржани во остварување на своите желби, без да се креираат нереални стандарди и без да се покажува со прст.

РАБОТА

Ти велат Мисли како маж, однесувај се како шеф, а потоа велат дека многу шефуваш. Работи макотрпно за да се искачиш до врвот или спиј за да се искачиш до врвот?

daisybernard4

СЕКС

Ако сака секс е курва, а ако не, тогаш е фригидна. Да се соблече да покаже што има или да остави на имагинаџијата? Бидете секси или девојките не сакаат секс?

daisybernard3

ВРСКИ

Незаинтересирана или психопат? Во ПМС си или ладна како мраз?

daisybernard2

ИЗГЛЕД

Смотана или нападна? Не е убаво да си толку маженствена, а исто така не е убаво да си многу нежна. Таа е тим за врска или не?

daisybernard1