Категории

Oва се особините карактеристични за луѓето родени во март

Март e месецот на пролетта, енергијата, креативноста и страста. Луѓето родени во третиот месец од годината се карактеризираат со следните особини:

Tие имаат многу развиена интуиција, знаат да проценат карактер и добро да ја анализираат секоја ситуација. Сакаат да ги набљудуваат и да ги проценуваат другите луѓе.

Уметнички души се, кои фантазираат и имаат невидена креативност. Надарени се за дизајн, ликовна уметност, а особено за музика.

Дарежливи се и емпатични и затоа ги привлекуваат другите луѓе и се омилени во друштвото. Исто така, знаат да ги чуваат тајните.

Иако, добро се снаоѓаат во друштво, понекогаш сакаат изолација во мир и тишина.

Верни се и длабоко посветени на луѓето кои ги сакаат. Ќе останат со нив и во најтешките животни мигови.

Прилагодливи се и знаат да се снајдат и во најтешките ситуации. Смирени се, енергични и способни за мултитаскинг.

Сакаат патувања и нови возбудливи работи, па им одговара престој во природа и промена на околината од време навреме.

Имаат филозофски пристап кон животот и внимателно го гледаат светот околу себе.

Позитивни се полни со заразен ентузијазам. Шират радост и насмевки, каде и да се појават.