„Решив да почнам да се грижам за својот живот и да направам промена и по многубројните неуспешни обиди да ја вратам својата тежина и здравјето во нормала, дебелината почна да ми претставува огромна грижа па дури и размислував за хируршки зафати“, вака зборува за својот проблем со тежината 22. годишната Laura Micetich.
Во 2014. година Лаура тежела преку 136 килограми и тоа е моментот кога решава да го промени својот живот.
„Се вљубив во кревањето тегови и тука започнаа првите резултати“.
Ми беа потребни неколку недели за да сфатам дека нема потреба да одам под нож. Се што треба е да вежбам напорно“.
„Почнав да вежбам секојдневно, поминувајќи часови во теретана и проучувајќи истражувања за здравје, фитнес и нутриционизам“.
„Во првата година, изгубив повеќе од 45 килограми, без операции со значителна промена во моите нездрави навики“.
„ Само ја прилагодив мојата диета. Јадев многу здрава храна и го отстранив внесувањето на шеќер во организмот“.
„Престанав да јадам брза храна. Престанав да нарачувам готова храна. Почнав сама да ги подготвувам моите оброци“.
„Ова се фотографии од мојата наголема тежина, преку 136 килограми, мојата најниска тежина 81 килограм и мојата сегашна тежина – 88 килограми.
Не сте престари и никогаш не е предоцна!