Категории

Овие нешта никако не смеете да ги правите пред Нова Година

Никако не смеете да влезете во новата година на овој начин

Постои долга листа на верувања а некои од нив владеат дури и денес. Старите луѓе често ги споменуваат и не советуваат кои нешта не треба да ги правиме пред да влеземе во новата година.
Поголемиот дел од верувањата се поврзани со нешта кои не треба да ги правиме доколку сакаме нашите желби и планови да се остварат во наредната година.
Едно од најважните верувања се однесува на емотивните односи со драгите луѓе. Никако не смеете да заборавите да им ја честитате Нова Година на блиските личности инаку ќе се оддалечите од нив во наредната година.

Еве кои други нешта не треба да ги правите:

-Не изнесувајте ништо од домот на 1 Јануари. Се верува дека на овој ден не смеете нити да го изнесете нити ѓубрето од дома. Меѓутоа и колку лудо да звучи ова, всушност некои луѓе сметат дека е во ред да се изнесе нешто доколку претходно се внесе нешто во куќата.

-Некогаш се сметало дека првата личност која ќе влезе во куќата не треба да има плава или црвена коса.

-На денот на Нова Година исто така не треба да се занимавате со домашни работи. Луѓето веруваат дека на овој ден не треба нити да ги мијат садовите.

-На денот на Нова Година потрудете се да бидете добро расположени затоа што постои вервање дека емоциите кои ги имате тој ден ќе ве следат во остатокот на целата година што претстои.

-Старите луѓе веруваат дека ветрот може да биде добар предвесник за тоа каква ќе биде претстојната година. Доколку воопшто нема ветер, или дува јужен ветер – тоа значи дека наредната година ќе биде добра и полна со бериќет.
Од друга страна, доколку ветрот дува од исток, годината ќе биде полна со неволји.

Прегледи:
656
Објавено на:
30.12.2019