Категории

Пасивното пушење ги уништува детските заби

Сѐ почест е трендот на пушење цигари во затворени простории во присуство на деца. За ефектите од димот од цигарите најдобро можат да зборуваат активните пушачи.

Но, пасивното пушење е исто така штетно по здравјето. Според истражувањата кои ги направиле научници од Јапонија, пасивното пушење ги уништува детските заби. Имено, во истражувањето биле вклучени 75.000 деца родени во периодот 2004-2010 година. Нивните родители потполниле податоци за изложеноста на чад од цигари почнувајќи од бременоста па сѐ до третата година на детето. Според резултатите кај 6,8% од децата утврдени се директни последици од пасивното пушење цигари и кариесот, додека кај 13.000 е констатиран кариес на млечните заби. Споредувајќи ги добиените податоци за децата кои биле изложени на дим од цигари и тие кои не биле, утврдено е дека кај четири месечно бебе ризикот од појава на кариес е два пати поголем доколку е во присуство на луѓе кои пушат цигари.

Прегледи:
658
Објавено на:
11.03.2019