Категории

Пеги: Како настануваат и дали можат да бидат опасни?

Пегите се мали пигментациони дамки кои воглавно се наоѓаат на отворените делови од телото (лице, рамена, раце, грб). По правило пегите се појавуваат во детството..

Трендот за вештачки пеги се појави минатото лето, но сеуште не ја изгуби својата позиција. Доказ за тоа се многубројните Инстаграм филтери кои девојките ги користат во оквирот на своите story објави ширум светот. Кафеавите дамки посеани по лицето на многумина можат да им изгледаат како симпатичен додаток на изгледот, додека некои би дале се за да ги отстранат. Сепак, што всушност се крие позади нив? Дали вистинските пеги се толку безбедни или претставуваат опасност за кожата?

Пегите се мали пигментациони дамки кои воглавно се наоѓаат на отворените делови од телото (лице, рамена, раце, грб). По правило пегите се појавуваат во детството. До пубертетот нивниот број го достигнува максимумом, а со текот на годините тие се намалуваат. Вистина е дека под влијание на сонцето нивниот број може да се зголеми значително, особено кај луѓето со руса и црвена коса.

Зошто се појавуваат пегите?
Најчесто факторот на наследување е пресуден за тоа дали ќе имате пеги, а поврзан е и со промената на структурата на ќелиите кои ги синтетизира пигментот меланин. Кај луѓето со руса или црвена коса, кожата не содржи доволна количина на оваа компонента, па со самото тоа после долго време изложеност на сонце немаат рамномерен тен, туку бројни пеги. Во одредена смисла, тие играат улога на бранители: сигнализираат кожна реакција на големата количина ултравиолетово светло што спасува од изгореници.

Покрај наследноста, на појавата на пеги може да влијаат и бројни други фактори. Тука спаѓа хормоналната нерамнотежа, стресот, болестите на црниот дроб, хиповитаминозата и сл. Некои козметички постапки, како честа употреба на пилинзи или други агресивни постапки, исто така можат да допринесат до нивна појава. Па затоа ако пегите на телото не настанале поради наследност, време е да се преиспитате околу вашата рутина за убавина.

Дали е возможно да се отстранат?
Тоа може да се оствари само со отстранување на површинскиот слој на кожата. Најчесто преку хемиска метода, односно преку пилинг кој помага за избелување на кожата. Ефикасна опција е отстранување со помош на ласерски пилинг.

Пегите исто така можат да се избелат и со помош на препарати со ефект на избелување. Најважно е да поминете низ преелиминарна консултација со стручњак и да ги следите препораките на козметичар или дерматолог. Само во овој случај можете да ја одберете вистинската стратегија за ослободување од пегите.

Прегледи:
1361
Објавено на:
31.05.2020