Категории

Пештерата со три моста во Либан која се претвора во магичен водопад

Водопадот Батара Џорџ е еден од најубавите во светот.

Пештерата со три моста, вистинско чудо на природата е волшебно место, а кога ќе настапи топењето на снегот, се појавува магичен водопад, кој од оваа пештера прави нешто несекојдневно.

Кога Планината Либан ќе започне со топење, мразот се претвара во вода и тече по овие карпи, резбајќи го варовникот и го формира овој водопадот. Овој варовник е стар повеќе од 160 милиони години, што значи постоел кога земјата била дом на диносаурусите.

Овој водопад е висок 250 метри и е лоциран блиску селото Бала, а најдобар период за да се види водопадот е помеѓу Март и Април.

Голозите велат дека горниот мост има најстара формација, а долните два моста се формирани со текот на времето, веројатно од паѓањето на камењата и рушењето на варовникот.

Иако луѓето знаеле дека постои долго време, јавно е обелоденето дека постои во 1952 година кога биологистот Henri Coiffaitго открил и станал многу заинтересиран за оваа природна убавина.

Оттогаш се спроведени многу истражувања за пештерата, нејзината старост и што се крие внатре во пештерата. Необичноста и убавината на местото привлекува многу туристи, но сите се предупредени од знаците кои се секаде, за опасноста од карпи и камења. Сепак, доколку сте во можност ова е едно од местата кои мора да ги видите.

 

Прегледи:
692
Објавено на:
05.06.2017