Категории

Пиете кафе или чај на работа? Еве зошто треба да престанете со тоа!

Ако имате своја шолја вво канцеларијата или ја користите онаа од кујната на канцеларијата, постои голема шанса наведените предмети да се прекриени со опасни бактерии, но и фекалии. Студијата која ја спровел Чарлс Герба, професор по микробиологија на Универзитетот во Аризона, покажала дека дури 90% од канцелариските садови имаат на себе опасни бактерии кои вработените секојдневно ги внесуваат во организмот.

Исто така, и миењето на садови со сунѓери и крпи кои стојат во канцелариската кујна може само да ја влоши состојбата бидејќи ќе се пренесат дополнителни бактерии на шолјата, кои што може да преживеат и до три денови. Иако сето ова наведено звучи прилично лошо, решението за уживање во кафето или чајот на работа сепак постои.

Герба советува секој ден да ја носите својата шолја и добро да ја миете со врела вода или во машина за садови.

Прегледи:
520
Објавено на:
04.07.2019