Категории

Пита со јаболки на која нема да може да и одолеете! (РЕЦЕПТ)

Искористете ја сезоната на јаболки и направете го овој превкусен десерт.

Состојки:

  • 600 гр јаболки
  • малку цимет
  • 750 мл млеко
  • 3 пудинга
  • шеќер за пудинг
  • 2 лажици мед
  • 2 ванилин шеќер за пудинг
  • 1/2 кг кора
  • масло

Подготовка:

Згответе го пудингот со шеќер и со ванилин шеќер и оладете го. Јаболките исчистете ги и изрендајте ги. Додадете 2 лажици мед и малку цимет. Плехот премачкајте го и ставете една кора, па друга и премачкајте ги со јаболки. На средина ставете го целиот пудинг и распоредете. Потоа повторно кора масло и јаболки. На секоја втора кора ставете јаболки. Завршете со две празни кори кои само ќе ги премачкате со масло. Исечете со остар нож на коцки и печете околу 50-55 минути на 180 степени. Истурете шеќер во прав.

Прегледи:
841
Објавено на:
19.11.2018