Категории

„Plogging“ – фитнес тренд кој навистина им е потребен на Македонците (ВИДЕО)

Многу често се случува да видиме како некој фрла ѓубре во далечина, од поголема висина, или пак, на туѓ терен.

Иако Швеѓаните важат за многу студен народ, сепак од нив можеме навистина многу да научиме. Една од работите кои може да ја научиме е како да станеме вистински одговорни кон себе си и нашите сограѓани, како и активно да придонесуваме кон заштита на животната средина.

Кај нив, актуелен е  фитнес хит „plogging“, односно физичката активност со која се соединети трчањето и собирањето ѓубре.

Старите и младите жители на оваа скандинавска земја,  секојдневно трчаат со кеси за отпад, па така, покрај тоа што работат на својата кондиција и форма, позитивно влијаат и на околината.

Кога кесата ќе се наполни со смет и отпадоци, тренингот станува потежок, но поефектен. Луѓето од различни земји сопствените фотографии со полни кеси ѓубре ги објавуваат на социјалните мрежи, пропратени со задолжителниот хаштаг: #plogging.

Како што трендот се шири низ целиот свет, се надеваме дека ќе се прошири и во Македонија и дека на овој начин ќе ги поттикнеме луѓето за започнат грижа за сопственото здравје, за здравјето на другите, но, и дека ќе превземат мерки за заштита на животната средина.

Прегледи:
451
Категории:
Uncategorized
Објавено на:
07.02.2018