Категории

Победи го злото околу себе – биди ЧОВЕК

Сакајте ги животните. Бог им дал зрно мисли и тивка радост. Не ги вознемирувајте и не да ги мачeте, не одземајте им ја радоста, не противете се на Божјата мисла. Сакајте ги децата, тие се безгрешни како ангели, и живеат за да не усреќуваат, тие живеат за чистење на нашите срца, како некој патоказ за нас. Тешко на оној кој навредил дете..

„Пред некоја мисла, остануваш во недоумица, особено гледајќи го гревот човечки, па се прашуваш: Дали треба да победуваш со сила, или смирено со љубов?

Секогаш одлучувај вака: „Ќе победам смирено со љубов““, советува големиот писател Фјодор Достоевски и објаснува поради што тоа е најдобрата одлука.

„Ако се одлучуваш така одеднаш за се, ќе можеш да го покориш сиот свет. Смирената љубов е голема сила, од сите најсилна, и нема рамна на светот. Скеој ден и час, секој миг надгледувај се себеси, изгледот да ти биде убав.

Ете, помина покрај мало дете и си поминал лут, со груб збор, со злобна душа; и можеби не ни го забележи детето, но тоа те виде тебе, и твојот лик, грд и злобен, можеби остана врежан во неговата кревка и незажтитена внатрешност. Ти тоа не го знаеш, меѓутоа, можеби со тоа посеа гнило семе во неговата душа, а тоа семе можеби и ќе порасне, а сето тоа поради тоа што не успеа да се воздржиш пред детето, затоа што не си се одгледал себеси со љубов.

Браќа, не плашете се од човечките гревови, сакајте го човек и неговиот грев, затоа што кој го сака грешниот човек, тоа е веќе слика на Божествената љубов а врвот е љубовта на земјата. Сакајте ги сите творби на Бога, се големо и мало. Секој лист, секој зрак Божји сакајте го. Сакајте ги животните, сакајте ги растенијата, сакајте го секое нешто. Кога ќе го сакате секое нешто – ќе ја разберете и Божјата тајна.

А кога ќе ја сфатите еднаш, ќе почнете да откривате и понатаму, секојдневно.
Сакајте ги животните. Бог им дал зрно мисли и тивка радост. Не ги вознемирувајте и  немојте да ги мачите, не одземајте им ја радоста, не противете се на Божјата мисла.
Човеку, немој да мислиш дека си подобар од животните, тие се безгрешни, а ти со твојата величина, ти само ја гноиш земјата со својата појава, на неа оставаш траги од гној после себеси.

Сакајте ги децата, тие се безгрешни како ангели, и живеат за да не усреќуваат, тие живеат за чистење на нашите срца, како некој патоказ за нас. Тешко на оној кој навредил дете“

 

Прегледи:
713
Објавено на:
31.01.2020