Категории

Почина 30 годишната Меги, најстарото куче на светот

Меги, австралијанскиот келпи, беше најстарото кучево во светот, а почина спокојно после 30 години, откако заспа во нејзиниот дом во Викторија, Австралија.

worlds-oldest-dog-dies-age-30-kelpie-maggie-12

„Минатата недела беше одлично“ раскажува нејзиниот сопственик Брајан Мекларен, сопственик на млечна фарма, „Шеташе низ фармата и им ржеше на мачките, беше активна и добро. Само за два дена состојбата значително и се влоши.“

Меги ја закопале покрај бор каде било закопано и другото куче на Мекларен. Нејзината возраст не може точно да се потврди бидејќи нејзината докумнтација била изгубена кога таа била мало кученце,но Брајан вели дека неговиот 34 годишен син Лиам имал само 4 години кога Меги станала дел од семејството. Земајќи во предвид дека кучињата живеат помеѓу 8 и 15 години, Меги имала навистина долг и убав живот. Вушност 30 човечки години се околу 133 кучешки години.

Брајан е тажен, но вели дека е задоволен со начинот на кој замина, мирно и спокојно.

Според Гинисовата книга на рекорди, официјално најстарото куче на светот било Блуеи, од расата Австралиски пастир, кој починал во 1939 година на 29 годишна возраст.

 worlds-oldest-dog-dies-age-30-kelpie-maggie-6 worlds-oldest-dog-dies-age-30-kelpie-maggie-7 worlds-oldest-dog-dies-age-30-kelpie-maggie-9 worlds-oldest-dog-dies-age-30-kelpie-maggie-10  worlds-oldest-dog-dies-age-30-kelpie-maggie-15

 

 

Прегледи:
503
Објавено на:
20.04.2016