Категории

Почнете да се слушате СЕБЕСИ – Не партнерот, не родителите, пријателите, туку себе!

Поврзете се со својата внатрешност и почнете да се слушате себеси. Не партнерот, нити родителите, пријателите.. Никого освен себеси. На тој начин ќе знаете што е најдобро за вас.

Едно од најтешките нешта кои човек мора да ги научи е да живее во согласност со себеси. Да ја слуша својата интуиција, да биде во мир самиот со себеси и да се чувствува добро во сопствената кожа.
Како е тоа возможно? Многу лесно.. Само треба да се поврзете со својата внатрешност и да почнете да се слушате себеси. На тој начин ќе знаете што е најдобро за вас.
Нема подобар начин во откривање на вистинскиот Јас кој се наоѓа во нас преку слушање на нашата душа која не води низ патот наречен живот. А животот е драгоцен. Дадена ни е прилика да го искористиме секој миг и да го поминеме најдобро што можеме.

Не треба да жалиме за минатотот, за она што го сметаме за грешка, затоа што тоа е дел од нашето искуство кое не прави она што сме. Само времето може да покаже дали некој избор бил вистински или не. Но не треба да се грижиме за тоа и да анализираме, треба да живееме.

Кој би биле ние ако би немале животно искуство?
Сето тоа е природен процес и круг, но во средината сме само ние самите. И на тоа треба да остане нашиот фокус, на нас.
Радост е кога ќе се запознаеме себеси, кога ќе откриеме што вистински не исполнува кога сме ведри, весели, но и кога сме мирни одвнатре. Радост е кога ќе ги запознаеме вистинските вредности врз темелот на сопственото искуство и интуиција.
Нема таен рецепт за животот, нема никакви прешки за да би дошле до својата цел. Се зависи од нас самите. А на кој начин ќе го искористиме тоа е наша лична одлука.

Прегледи:
514
Објавено на:
08.02.2020