Категории

Почни да го употребуваш зборот „благодарам“ и пред тебе ќе се отворат врати за кои не си знаел дека постојат

Зборот „благодарам“ е толку моќен, почни да го употребуваш почесто и ќе видиш како твојот живот ќе почне да се менува.

Одеднаш се пронаоѓаат решенија за старите односи и искуства за кои си мислел дека завршиле засекогаш. Почнуваш подлабоко да ја разбираш реалноста и да сфаќаш дека поседуваш се што ти е потребно. Тогаш кога ќе почнеш да го изговараш зборот „благодарам“ ќе излезеш од менталитетот на жртва и ќе почнеш да сфаќаш дека не си опкружен со непријатели туку и од луѓе кои би дале нешто од себе за да можат да го направат твојот живот барем малку подобар.

Кога ќе понеш да го употребуваш зборот „благодарам“ почесто, ќе сфатиш дека во овој свет не си само случаен посетител, туку еден од оние кои може да направи големи промени. Понекогаш многу малку е потребно за да се направи нешто големо, а малку благодарност во животот може да отвори многу големи и широки врати.

Покажи ја таа благодарност и спрема најмалата помош која ти се нуди, тоа е од големо значење. Покажи дека си човек и дека твоето срце умее да ја цени добрината и човечноста. Почни од некаде и другите ќе те следат.

Прегледи:
495
Објавено на:
15.03.2020