Почетокот на летото во Скопје беше обележан со можеби најголемиот музички настан кој ќе му се случи на градов летово.
Skopje Calling 2018 на една сцена, во неколку фестивалски денови ги имаше некои од најквалитетните музички имиња. Првиот ден започна со едни од најбараните диџејски ѕвезди од областа на светската електронска сцена- AXWELL & INGROSSO, шведското дуо кое беше дел од популарните Swedish House Mafia. Следеа MORCHEEBA, Дарко Рундек и последниот фестивалски ден беше резервиран за светски познатиот Alan Walker.
Axwell & Ingrosso своето деби како дуо го имаат во 2014 година и оттогаш кариерата им оди во ултра нагорен правец, со настапи насекаде во светот, кои резултираат со секогаш полни стадиони. Одличната продукција, впечатливите визуелни ефекти, многу пиротехника и енергичните настапи се она што ова дуо има огромна маса на фанови, секаде каде и да настапува во светот, а како изгледаше нивниот настап во Скопје можете да погледнете во ова две минутно видео.